Почетна / Серии / Нова детска викенд забава со „Самовилската академија“ на Сител

Нова детска викенд забава со „Самовилската академија“ на Сител

Уште една италијанска детска серија во утринскиот блок на Сител телевизија. Секоја сабота и недела наутро околу 10.40 часот, сите мали девојчиња ќе може да уживаат со “Самовилската академија”.

Серијата ја прати Роус, девојче од оваа планета која открива еден волшебен клуч кој ја носи во земјата на самовилите. Во таа земја, бајката станува реалност. Таа ќе запише престижна Самовилска академија и ќе открие дека е внука на директорката на академијата, Пепелашка.

Додека се забавува со новите другарки од училиштето, Роус ќе го открива светот на магијата преку кој и сите мали гледачки за момент ќе доживеат една шарена и волшебна бајка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мистерија и трилер во новата американска серија „Absentia“ на AXN

Започнувајќи од 26 мај 2020, од понеделник до петок во 18 часот на кабловскиот AXN …

error: Содржината е заштитена!