Почетна / Телевизија / МРТ1 од вечерва со нов прајм-тајм

МРТ1 од вечерва со нов прајм-тајм

 

 

МРТ1 од вечерва стартува со нова програмска шема. Новиот прајм-тајм на Националниот сервис ќе биде исполнет со светски познати американски телевизиски серии.

 

 

Започнуваат со „Бубалици“ (The Big Bang Theory) којашто ќе се емитува секој работен ден во 19.00 часот. Во 21.00 часот следува она што долг период беше очекувано, серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl) којашто потоа ќе се емитува само во понеделник и вторник, и тоа во 21.30 часот. Новата сезона на „ЦСИ – Лас Вегас“ започнува во 22.00 часот. Оваа серија ќе се емитува само во понеделник.

Што се однесува до другите денови од неделата, во 22.10 часот во вторник и петок ќе се прикажуваат новите сезони на „Фринџ“, а терминот 21.30 часот во петок и во недела е резервиран за крими драмата „Менталист“. „ЦСИ – Мајами“ ќе се емитува во недела, 22.10 часот.

За помладата публика секој ден во 10.00 часот ќе се емитуваат „Пингвините од Мадагаскар“ и „Дора истражува“ надсинхронизирани на македонски јазик.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!