Почетна / Филм / Репризи на блокбастери во текот на целиот ден – Велигден на Телма

Репризи на блокбастери во текот на целиот ден – Велигден на Телма

Велигденскиот дух на телевизија Телма преку познати филмски остварувања кои минатата година беа прикажани на оваа телевизија. Дента, недела на 28 април во 13.15 часот ќе го следиме “Blended” (Случајно заедно). По катастрофалниот прв состанок, самохраните родители Лорен и Џим ќе се согласат дека не сакаат никогаш повторно да се видат! Но кога и двајцата случајно се наоѓаат на семеен одмор со децата ќе бидат принудени да го делат апартманот една недела.

Режијата е на Френк Корачи, а улогите ги толкуваат Адам Сендлер, Дру Баримор, Венди Меклендон-Кови

Потоа, во 19.15 часот следи “Бетмен против Супермен”, филм исто така неколкупати емитуван на оваа фреквенција. Светот е збунет и се прашува кој е нивниот вистински херој. Бетмен и Супермен се во меѓусебна војна и наскоро се појавува нова закана со што човештвото е во опасност од невидени размери… Бен Афлек, Хенри Кавил, Ејми Адамс и Џереми Ајронс во филм на Зак Снајдер.

Ноќта, по новата епизода од втората сезона на “Доктор Фостер”, на Телма следува комедијата “Свита” во 23 часот.

Филмската ѕвезда Винсент Чејс, заедно со неговите пријатели се враќа повторно да соработуваат со супер агентот Ари Голд. Друштвото има нови амбиции, но сеуште се поврзани како и претходно што најдобро се гледа додека крстарат низ светот на Холивуд. Не пропуштајте го филмот базиран на една од најнаградуваните тв серии.

И за крај на велигденската ноќ, реприза на политичкиот трилер “Сириана” со Џорџ Клуни, Мет Дејмон и Аманда Пит во главните улоги. Многу нафта значи многу големи пари! Тој факт ја ослободува корупцијата што се протега од Хјустон до Вашингтон па до Блискиот Исток и ги заведува сите во смртоносна, мамлива мрежа на потези и контрапотези од 00.50 часот по полноќ на Телма ТВ.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува ретро киното на Алфа, погледнете што следува

Продолжуа летното кино на Алфа со ретро југословенски филмови. Во продолжение прочитајте кои филмови ќе …