Почетна / Серии / Реприза на американската драма „Rectify“ по полноќ на Телма

Реприза на американската драма „Rectify“ по полноќ на Телма

“Враќање во живот” – филозофска драма во 30 епизоди

Осуден за силување и убиство, за кое не знаеме дали го сторил. Но, казната морал да ја издржи и затоа 19 години поминува вистински пекол во еден затвор. Скоро половина живот, чекајќи ја смртта, Даниел минува тешки мигови на мачно место, полно со насилство, агресија и силувања, па затоа и немал прилика да созрее и израсне како сите други.

Исчекувајќи ја смтта скоро две декади, изолиран во ќелија без прозопрци и комуникација со светот, злоставуван, мачен… но Даниел за некое чудо, не го загубил здравиот разум. Ја прифатил судбината која го снашла, па научил да го цени времето меѓу секундите и го насочил кон лирање книги и авторефлексија.

Се помирил и се откажал од помислата дека ќе излезе од затворот, но откако излегува од таму, тој не е подготвен за тоа што го очекува. Свесен е за застрашувачкиот факт дека затворскиот модел на опстанок е единствен кој сега го знае, и модел кој во новонастанатите околности станува потполно неприменлив.

Еден поинаков концепт на реализација, каде приказната се поставува од аспект на филозофија, длабоки дијалози, интригантни размислувања кои влегуваат во доменот на онтологијата, егзистенцијализмот и есхатологијата.

“Враќање во живот” со репризи секоја ноќ по 1 часот по полноќ на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од авторот на скандинавски трилери, доаѓа „Арне Дал“ на 1 ТВ

Нова телевизиска серија на програмата на 1 ТВ. На местото на епската приказна за “Викинзите”, …