Почетна / Серии / Од авторот на скандинавски трилери, доаѓа „Арне Дал“ на 1 ТВ

Од авторот на скандинавски трилери, доаѓа „Арне Дал“ на 1 ТВ

Нова телевизиска серија на програмата на 1 ТВ. На местото на епската приказна за “Викинзите”, на оваа фреквенција ќе се емитува скандинавската крими серија “Арна Дал” – понеделник, среда и петок во 23.15 часот.

Се работи за шведска серија за еден елитен одред истражители. Екранизација на серијалот на романи на Јан Арналд, кој овие дела ги издал под псевдонимот Арне Дал. Екранизирани се вкупно 10 романи, секој по 180 минути. Арне Дал се смета за еден од најдобрите скандинавски писатели на крими романи. Неговите книги се продадени во повеќе од 4 милиони примероци и се преведени на над 30 светски јазици.

Серијата претставува вистинско уживање за љубителите на жанрот „нордик ноар“, а во средиштето на овој мрачен трилер се наоѓа тим од одлични детективи и стручни лица кои максимално се посветени на работата.

Злосторствата што ги истражуваат се свирепи и многу комплексни, а тимот мора да ги открие внатрешните мотиви на извршителите и нивните скриени цели. Серијата е скандинавски мрачна, одлично направена, и повеќепати наградувана.

Режијата е на Харалд Хамлер, а улогите ги толкуваат Малин Арвидсон, Ирене Линд, Шанти Рони, Магнус Самјуелсон.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на …