Почетна / Сапуници / Рекорд | „Немирно лето“ ја надмина и „Game of thrones“ на Твитер

Рекорд | „Немирно лето“ ја надмина и „Game of thrones“ на Твитер

Популарната романса за Еда и Ерхан заврши со емитување во Турција.

На 8 септември на турскиот Фокс беше прикажано финалето на “Немирно лето” која ја следиме секоја вечер само на Сител.

Романтичната комедија се смета за една од најуспешните кога се работи за турските продукции токму поради големата хемија која постои меѓу главните актери, а кои ја пренесоа и преку малите екрани.

И токму вечерта на финалето, фановите се обидоа да ја направат оваа последна епизода најдискутирана на Твитер … и успеаа во тоа.

Овој рекорд досега го држеше серијата „Игра на тронови“ (Game of thrones) со епизодата од битката кај Винтерфел.

Се емитуваше на 28 април 2019 година и постави рекорд од 7,8 милиони твитови.

Сега, за големо чудо, Немирното лето ја надмина и оваа светска серија. Хаштагот, започна дента на финалето # sonkezsençalkapımı и самата вечер постави нов рекорд со 9.074.986 твитови. Фановите беа несопирливи!

Вкупно 123 земји учествуваа во поставувањето на овој рекорд, а од твит дискусијата не изостанаа ни фановите кои серијата ги има во Македонија, Србија, Бугарија и Албанија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

error: Содржината е заштитена!