Почетна / Серии / Реалното шоу продолжува во втората сезона на „Нереално“ на МТВ

Реалното шоу продолжува во втората сезона на „Нереално“ на МТВ

Од понеделник до петок на МТВ 1 ќе ја следите премиерно втората сезона од американската серија “Нереално”, започнувајќи од 16 март во 22.15 часот. Серијата ги прикажува возбудливите настани зад кулисите, за време на снимањето на едно реално шоу, во кое секој си бара партнер.

Главната улога ја толкува младата продуцентка Рејчел Голдберг, која има задача да манипулира со меѓучовечките односи меѓу натпреварувачите, со цел да постигне драматичен заплет и шокирачки снимки кои од неа ги бара главната продуцентка Квин Кинг.

Рејчел мора да се откаже од сите свои принципи и да го направи она што го прави најдобро – да ги изманипулира натпреварувачите, да предизвика сериозна драма и да им овозможи на гледачите комплетно задоволство. Од сето ова произлегува телевизиска содржина без сценарио, а шоуто е сѐ друго, освен реално.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Итна служба: Тексас“, нова полициска серија во познатиот термин

Една од најпознатите американски франшизи продолжува со нова и возбудлива серија. Овој пат, се селиме …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!