Почетна / Серии / Полициската драма „Менталист“ со македонски титл и на Нова С

Полициската драма „Менталист“ со македонски титл и на Нова С

Одамна ја следевме на Македонската телевизија, а сега “Менталист” со македонски титл на програмата на кабловската Нова С. Од понеделник до петок во 20 часот.

Патрик Џејн е менталистот, кој откако еден сериски убиец (Ред Џон) ќе му ги убие жената и ќерката, почнува да соработува како советник со една детективска екипа на чело со детективката Тереза Лисбон. Патрик со своите големи ментални способности им помага на детективите на еден многу интересен начин, да ги решаваат убиствата, а воедно цело време трага по серискиот убиец.

Патрик Џејн е истражувач со исклучителна дарба за решавање на најсложените злосторства кои ги направиле пореметените умови. Тој користи софистицирани вештини на забележувања, заклучувања и умствени манипулации, со кои му помага на тој истражувачки оддел од Калифорнија во решавање на сложена криминалистичка истрага.

Благодарение на својата единствена дарба, овој модерен Шерлок Холмс е секогаш чекор напред пред форензичките анализи, напредната криминалистичка технологија и сите колеги. Тој ги воочува најситните детали, игра паметни игри и ги чита емоциите на другите, со што на криминалците со комплексен профил и пореметени умови им поставува софистицирани замки со кои му откриваат факти за кои и самите не се свесни.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!