Почетна / Телевизија / ТЛЗП | Даниел во друштво на Жељко и Владо ја отпеа „Purple rain“

ТЛЗП | Даниел во друштво на Жељко и Владо ја отпеа „Purple rain“

 

Кајмакоски како Принс во “Твоето лице звучи познато”

 

Во десетата емисија на “Твоето лице звучи познато”, победник беше Халид Муслимовиќ со имитацијата на Патрик Свејзи од Dirty Dancing. Но, она што остана најзабележително е настапот на нашиот Даниел Кајмакоски кој уште еднаш покажа дека е фантастичен со секоја следна и секоја поинаква имитација. Негова задача беше да ја имитира американската музичка поп легенда Принс, кој неодамна почина на 57 годишна возраст.

 

 

Од стајлинг до глас и гестови, се’ беше погодено. Даниел маестрално ја отпеа “Purple rain”, а друштво на сцената му правеа Ана Кокиќ, Владо Георгиев и Жељко Јоксимовиќ кои само му помогнаа сето тоа да биде вредно за паметење. Во продолжение погледнете го настапот за кој допрва ќе се зборува :

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Квадрат“ ве едуцира како да ги уредите бањата и градината

Во недела, 5 мај во 11.30 часот претпладне, ново издание од емисијата за уредување на …