Почетна / Сапуници / Топлата приказна за „Децата од домот“ на Сител за викенд

Топлата приказна за „Децата од домот“ на Сител за викенд

Дечиња лишени од семејна грижа, од родителска љубов, од потреба за детство какво што има и посакува секое друго дете. Ова се дечиња кои израснале во сиропиталиште, но никогаш не се откажале од вербата во животот и убавата мисла.

Радост, авантури, згоди и незгоди е тоа што секојдневно ги исполнува нивните кревки животи во викенд серијата на Сител за “Децата од домот”.

Детскиот дом е управуван од Махир, навидум груб, но добар човек кој често знае да негодува за сè и сешто. Тој го основал овој дом и го посветил целиот живот да им пружи покрив над главата на сите оние напуштени и добри деца.

Малата хероина Мави е водечкиот лик во тој дом, храбро девојче и поткрепа за сите нејзини мали другарки.

Заедно со другите сирачиња, таа ќе сфати дека животот често знае да биде суров и тежок, но не сите работи се невозможни кога стоите цврсто на земја крај своите мали пријатели со големи срца.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

error: Содржината е заштитена!