Почетна / Филм / Психолошкиот хорор од 1987-ма година со Роберт де Ниро на ТВ 24

Психолошкиот хорор од 1987-ма година со Роберт де Ниро на ТВ 24

Приватен детектив е ангажиран од човек кој се нарекува себеси Луис Сајфр за да го пронајде пејачот по име Џони Фаворит. Но, истрагата добива неочекуван и мрачен пресврт.

Срцето на ангелот е американски нео-ноар психолошки хорор филм од 1987 година, адаптација на романот „Ангел паѓа“ на Вилијам Хјортсберг од 1978 година. Филмот е напишан и режиран од Алан Паркер, а главните улоги ги толкуваат Мики Рурк, Роберт де Ниро, Лиза Бонет и Шарлот Рамплинг.

Филмот наиде на остри критики поради експлицитните сексуални сцени и нецензурираната верзија излезе само на двд. На ТВ 24 ќе го гледате во четврток, 24 ноември 2022 во филмскиот термин, 22.30 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петок на ТВ 24 – страв и трепет со хоророт „13 камери“

петок (24 мај 2024) – 22.30 часот, телевизија 24 Младенците се вселуваат во нова куќа …

error: Содржината е заштитена!