Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #054 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #054 | ARDIENTE PASIÓN

54-то продолжение

 


 

            Тоа претпладне, Магдалена се најде со Саломон Алкантар во едно кафуле во градот. Избраа да се најдат на наутрална територија, со цел да не биде откриена нивната тајна средба. Магдалена беше решена да го ангажира најдобриот млад афвокат во градот за да ја застапува и да и помогне да се соочи со Вадо Фалкон.  Му раскажа се за својот живот и минатото со Вадо.

–          Не грижете се, доња Магдалена. Ја имате мојата подршка.

–          Ти благодарам, момче. И среќна сум што Капричо најде некој добар како тебе. Но, морам да те предупредам. И ти и Капричо ќе бидете во голема опасност ако Вадо дознае дека работите против него, со мене.

–          Не грижете се за нас, доња Магдалена.

–          Борбата да ја срушам империјата на Вадо Фалкон нема да биде лесна. Вадо е исплашен иако не признава. Знае колку моќни документи имам кај себе. Затоа и дојде да и ги понуди сметките од Кајманските острови. Тоа беше доказ колку старвува од моите закани.

–          За која сума се работи?, – заинтересирано ја праша Саломон.

–          Огромна сума. Пари и камати кои лежат повеќе од дваесет години. За да не ме прелаже Вадо, мене ми треба човек како тебе, Саломон. Човек кој нема цена, човек кон не може да биде купен од Вадо. Не барам веднаш да ми дадете одговор. Размислете.

–          Имајте доверба во мене, Магдалена, – рече Саломон земајки ја нејзината рака.- Останав долго во Табаско и ја засакав оваа земја како и луѓето кои живеат тука. Освен тоа, сега кога ја запознав  Капричо, имам уште поголем мотив да останам. Ви ветувам дека нема да биде лесно, но дека на крајот ќе го добиеме спорот против Вадо Фалкон.

Магдалена задоволно се насмевна. Имаше претчуство дека е на прав пат.

 

            Дамијана не губеше време. Веднаш, по разговорот со Ектор се упати кон вилата Дорада да го извести својот вујко за она што го слушна во бараката.

Дон Вадо беше немирен по посетата на Голондрина. Магдалена го држеше во раце со тие документи и тоа не му се допаѓаше. Особено не му се допадна тоа што таа му се закани дека ќе се консултира со адвокат.

Од друга страна пак, неговата сестра Ребека го игнорираше цело утро. Го избегнуваше бидејки знаеше дека ќе ја прекори што Дамијана беше видена во прегратката на Ектор. Кога ја сретна во холот, Ребека ги кршеше прстите и го криеше погледот пред својот брат.

–          Ме избегнуваш цело утро. Не и кажа дали ја затекна твојата ќерка сношти во собата на Ектор?

–          Да.

–          И?

–          Не правеа ништо, – излажа Ребека. – Само разговараа.

–          Погледни ме во очи!, – и нареди подигнувајки и ја брадата. – Погледни ме во очи и кажи ми дали ти личам на човек кој верува во ефтини лаги? Одамна и реков на твојата ќерка да го остави Ектор. И самата знаеш дека Дамијана е на пробно во мојава куќа. Ако не го исполни она што и го наредив кога ми падна на колена да моли за прошка, ти и твојата ќерка ќе летате на улица, – по кој знае кој пат Вадо ја повтори својата закана.

Во тој миг, во салонот гордо влезе Дамијана. Свесна колкава тежина носи со информацијата, побара од својата мајка да биде оставена насамо со својот вујко.

–          Што сакаш сега од мене?, – Вадо ја праша дрско својата внука.

–          Не можеш ни да претпоставиш што дознав, вујче.

–          Те молам само не ми сплеткароши, – ја опомена Вадо.

–          Не можеш ни да замислиш кој работи во рудникот за злато. Новиот рудар се вика Диего Рентеира, и е внук на Мелчор Рентеира!

–          Што зборуваш?

–          Ти ја зборувам вистината. Го видов со свој очи во бараката. Го слушнав како разговара со Тристан, мораш да ми веруваш.

–          Каков е? Како изгледа?

–          Има околку дваесет години, слаб е, со црна коса, очила и бркови.

–          Од каде знаеш дека е внукот на Мелчор?, – со недоверба ја праша Вадо.

–          Го слупнав неговото име. Се закануваше дека дошол да ти се одмазди. Истото му го кажав и на Ектор.

–          Зарем е можно, – се запраша Вадо, седнувајки на софата, потпрен на бастунот кој ми помагаше да се движи. – После толку години…

–          Зошто е толку важен тој Диего?, – се осмели да праша Дамијана.

–          Мојот живот не е твоја работа! Ти направи го она што ти наредив. Роди дете од Тристан!

–          Работам на тоа…Го барав во рудникот да одиме на ручек, и тогаш слушнав како зборува со внукот на Мелчор.

–          Ручаш со Тристан, а вечераш со други, – и префрли Вадо зајадливо. – Нема да ме изиграте ни ти ни твојата мајка! Знам дека ја помина ноќта со Ектор! Ако останеш бремена од него, за да ме прелажеш и да мислам дека е на Ектор, ќе ти го откорнам од уторбата, исто онака како што веќе тоа и го имам сторено на друга жена! Роди дете од Тристан и престани да му се умилкуваш на Ектор. Што се однесува до внукот на Мелчор, тоа е моја работа. Ти благодарам на информацијата, но ни збор никому за тоа. Дали сум јасен?

Понижена, Дамијана ја напушти просторијата. Се што правеше, правеше да ја стекне довербата кај својот вујко, но ништо не можеше да го избрише гревот на нејзината мајка кога пред многу години зачнала од маж кој Вадо не го одобрил.

–          Внукот на Мелчор, – низ шепот повтори Вадо кога остана сам. – Синот на Росанхелика. Мојот син. Можеби Магдалена сепак ја зборува вистината. Дека Јулиса не е моја ќерка. Морам да го видам тоа момче.

 

И Ектор се заинтересира да го запознае Диего откако Дамијана го извести. Се упати кон рудникот со изговор да ги запознае новите рудари. Го замоли Тристан да ги запзонае новите рудари. Ектор беше фрапиран колку момчето кое се претствауваше како Диего Рејес, личи на Јулиса.

 

–          Иста Јулиса, само што е момче, – го извести дон Вадо откако тоа попладне се врати во вилата.

–          Велиш дека тоа момче, Диего личи на Јулиса? Тогаш нема сомнеж. Тоа е мојот син!  Што друго дозна за него, Екторе?

–          Не многу. Знам дека привремено живее кај Тристан, во куќата на неговата мајка.

–          Води ме во домот на Саграрио!, – му нареди. – Морам да го видам.

–          Дон Вадо, морам да ја знам вистината. Што точно се случило меѓу вас и Мелчор Рентеира во минатото?

–          Морам прво да го видам мојот син, Ектор! Ако тоа е момчето кое го барам повеќе од дваесет години, ќе ти ја кажам и вистината. Да одиме кај Саграрио.

 

Во меѓувреме, Саграрио ја постави вечерата за својот син и неговиот колега Диего. Двајцата се вратија изморени и гладни од рудникот. Вечерата течеше мирно, кога заѕвоне телефонот. Тристан стана да одговори.

–          Ало? Да, ова е куќата на Саграрио. Кој ја бара?

–          Овде Хосефина, собарката во вилата Дорада, каде што работи Саграрио. Дали може да и пренесете дека Мистика бараше да се промени менито за утрешниот ручек?

–          Да, ќе и пренесам, – со стегната вилица рече Тристан и ја спушти слушалката.

–          Кој беше, сине?

–          Кога мислеше да ми кажеш дека работиш во вилата на Вадо Фалкон?!, – со висок тон полн бес и горчина, Тристан ја праша својата мајка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!