Почетна / Живот / Промоција на едицијата „Европски книжевен мозаик“ од ИК Магор

Промоција на едицијата „Европски книжевен мозаик“ од ИК Магор

Книжевната едиција „Европски книжевен мозаик”, во издание на издавачката куќа Магор од Скопје, беше промовирана денес, 13.09.2020 (недела), со почеток од 18 часот, во промотивниот центар на годинешниот Саем на книгата во Скопје, кој годинава се одржува зад спортската сала Борис Трајковски, до Аква паркот.

Едицијата содржи 10 книжевни дела од европски автори, со жанровска разноликост – романи, романи за млади, детски книги, и драмски текстови.

Проектот е поддржан од Извршната агенција за култура на ЕУ – ЕАЦЕА и Министерството за култура на РСМ.

На саемската манифестација и самата промоција се запазени сите безбедносни протоколи за заштита од Ковид-19 пандемијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Експерти од Алибаба, Спотифај и Вибер доаѓаат во Скопје

Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која оваа година по четврти пат ќе …

error: Содржината е заштитена!