Почетна / Серии / Британската психолошка трилер серија „Liar“ на МТМ и локалните ТВ
Мини серија на ITV и SundanceTV во 12 продолженија

Британската психолошка трилер серија „Liar“ на МТМ и локалните ТВ

Лаура е паметна и посветена наставничка, која скоро излегла од една љубовна врска и сега живее со несигурност во повторна врска, повторни состаноци, повторни излегувања.

Ендру е познат хирург чиј син е ученик во училиштето на Лаура. Првичната привлечност доведува до средба меѓу Лаура и Ендру, но ниту еден од нив не ги разбира целосно долгорочните последици што ќе ги има нивната средба за нив самите или за нивните семејства.

Вистината и последиците одат рака под рака во напнатиот и возбудлив трилер кој ги испитува двете страни на врската и двете страни на вистината. Дали секоја приказна има две страни, и која е линијата меѓу вистината и лагата открива новата британска серија на Прва скопска МТМ и останатите локални телевизии ширум земјава.

“Лаги” на МТМ ќе се емитува секоја недела во 20.30 часот, со репризни изданија во понеделник и среда во истиот термин.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!