Почетна / Забава / Цел Балкан на Lenny Kravitz во Скопје – влезниците пред распродавање!

Цел Балкан на Lenny Kravitz во Скопје – влезниците пред распродавање!

Влезниците за концертот на Lenny Kravitz во Скопје од категориите партер и фан пит се распродадени! Во овој момент сѐ уште во продажба има влезници за трибини од сите категории. Скопје ќе види многу големо шоу какво што Lenny Kravitz ќе одржи на сите свои концерти во рамките на Raise Vibration турнејата, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре.

После минатиот албум „Strut“ кој што беше навистина извонреден, никој не очекуваше дека Lenny во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело , но сепак “Raise Vibration“ е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low“ им е веќе добро познат на сите.

Концертите на Lenny Kravitz влегуваат во оние настани што се MUST SEE BEFORE YOU DIE бидејќи претставуваат врв во концертната лајв индустрија.

„American Woman“, „Are You Gonna Go My Way“, „Believe“, „Fly Away“, „Again“, „Let Love Rule“, „Chamber“, се само дел од хитовите кои ќе имаме можност да ги слушнеме во Скопје, во сала со капацитет од 8.000 посетители.

За концертот владее интерес во целиот регион, се најауваат и доаѓања со организиран превоз од Грција, Србија и од Косово, па доколку не сакате да пропуштите ваков настан, набавете си влезници на време. 

Gepostet von Avalon Produkcija am Sonntag, 7. April 2019

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Данскиот EDM DJ Martin Jensen на Ohrid Calling 2019 !

Со повеќе од 100 Милиони прегледи на Youtube и неговата специјалност да продуцира само хитови, …