Почетна / Забава / Евровизија / Словенија ќе емитува филмови за Палестина наместо Евровизија 2026

Словенија ќе емитува филмови за Палестина наместо Евровизија 2026

Рдиотелевизија Словенија нема да го емитува овогодинешниот Евросонг, а во времето на полуфиналето и финалето, ќе им понуди на гледачите посебна тематска програма „Гласовите на Палестина“, која ќе се емитува од 10 до 20 мај.

Преку филмови, документарци, ток-шоуа и анализи, програмата ќе фрли светлина врз личните приказни на луѓето, но и врз поширокиот контекст на актуелните настани на Блискиот Исток.

Словенија донесе одлука да не учествува на Евровизија уште во септември 2025 година, а одлуката на ЕБУ наиде на незадоволство и во други земји. Најмалку четири други земји (јавни радиодифузни сервиси) одлучија да не учествуваат во натпреварот, имено Шпанија, Ирска, Холандија и Исланд.

Гореспоменатите земји го наведоа учеството на Израел и ситуацијата во Газа како причина поради нивното неучество на европскиот музички натпревар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Услови кои треба да ги исполни песната за јуниорски Евросонг 2026

Македонската Радио Телевизија објавува Конкурс за избор на композиција која ќе ја претставува Република Северна …

error: Содржината е заштитена!