Почетна / Сапуници / Се што не сте знаеле за серијата „Најмила“

Се што не сте знаеле за серијата „Најмила“

 

На почетокот на реализацијата, серијата имаше име под наслов „Карма“, па за втор пат да го замени како „Последна пресуда“ и на крајот заради разни проблеми, Глобо одлучи серијата да го има името „Најмила“.

 

 

* Негативката во серијата, Флора, ќе биде откриена два месеца пред крајот на новелата.

* Ликот на Таис Араухо, која глумеше главна улога во претходната новела на Жоао Емануел Карнеиро, „Бојата на гревот“, призна дека нејзиниот лик бил инспириран од топ моделот Наоми Кембел.

* За прв пат на телевизиските екрани од оваа серија дебитираа глумците Жан Пјер Ноер, Тиаре Маиа, Кларис Фалкао, Хана Романаци, Ренан Мајер и Едуардо Мело.

 

 

* Главниот машки лик воедно и негативец најпрвин беше најавено дека ќе го глуми Фабио Асункао. Но, актерот подоцна беше заменет со Мурило Беницио.

* Меѓу актерите кои мораа да го променат изгледот заради своите улоги беа: Дебора Секо, Маријана Ксименез, Таис Араухо, Грациела Шмит, Кристин Фернандез, Иран Малфитано, Мурило Беницио, Жулиана Паес и Клаудија Раиа.

 

 

* Од сите три новели кои ги напиша Жоао Емануел Карнеиро, Таис Араухо во сите има некоја важна улога. Во серијата „Змии и гуштери“ глумеше негативен лик, додека во серијата „Бојата на гревот“ беше главната женска актерка.

* Жулиана Паес ја напушти актерската екипа поради главната улога која ја имаше во тогашната нова бразилска новела од „Индија“ на Глорија Перез. Жулиана Паес во оваа серија беше убиена на епизодата која се емитуваше на 21. август во 2008. година од страна на ликот Флора.

 

 

* Премиерата на серијата во Португалија беше на 23. јуни 2008. година во 21:25 часот, но подоцна беше преместена во терминот од 23:45 часот.

* Ова е петта новела во која Дебора Секо и Жулиана Паес глумат заедно. Претходните новели беа „Семејни интриги“, „Светот на славните“, „Америка“ и хумористичната „Дај ми рака“.

 

 

* Флора досега има убиено тројца ликови, мажот на Донатела и таткото на нејзината ќерка, Лара, Марсело Фонтини. Др. Салватор, докторот на Донатела, кој ја знаеше цела вистина и Маира, новинарка, пријател на Џо Боб која исто така ја откри целата вистина.

* Приказната е класифицирана за гледачите над 12 години.

 

 

Серијата се емитува на Сител телевизија во 23:30 часот секој работен ден.

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!