Од понеделник до петок во 22 часот на Канал 5 телевизија – драмската серија “Семеен товар”.
По 20 години минати зад решетки, обвинета дека го убила сопругот, Мелике конечно излегува на слобода.

Нејзиниот единствен сон е повторно да се соедини со својата ќерка Хазал, која ѝ ја доверила на сестра си кога била бебе. Сепак за Мелике следува нов затвор, овој пат исткаен со лаги и измами. Следува време кога таа ќе ги открива лагите што ѝ се кажани една по една, разбирајќи и во каква игра западнала и кој сѐ е вмешан.

Додека постепено се приближува кон девојката за која мисли дека ѝ е ќерка, таа ќе се потруди да го открие вистинскиот убиец на својот сопруг.

Во оваа приказна исткаена со лаги, најсовесните ќе бидат најнемилосрдни, а најлојалните ќе бидат вистинските предавници. Девојката одгледана од нејзината сестра не е бебето од кое Мелике се одрекла пред 20 години.

Од страна на тетката и тетинот, бебето било продадено на познатата модна дизајнерка Берин Аксој.

Сега таа расте во богатство и раскош, несвесна за вистината која се крие зад нејзиното потекло.

Следува опасна игра за да се прикрие вистината. Игра во која секој ќе сака да добие повеќе, а да не изгуби ништо.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
