Почетна / Филм / Документарен серијал на Телма за уметноста на холивудските римејци

Документарен серијал на Телма за уметноста на холивудските римејци

Зошто треба да го преработиме она што веќе е направено? Дали една приказна навистина треба да се раскажува повеќе пати? Како можеш да бидеш оригинален кога работиш на веќе постоечко сценарио?

Ова се некои од прашањата на кои оваа документарна серија се обидува да одговори додека ја истражува контроверзната уметност на римејкот.

Овој жанр често се потценува, бидејќи се поврзува или со недостаток на инспирација или со алчноста на Холивуд што се обидува да извлече максимум пари од идејата пред да се истроши. Сепак, римејковите се родени уште кога беше кинотo. И некои се меѓу најдобрите филмови некогаш направени во индустријата.

Серијалот “Произведено во Холивуд” секоја недела во 17 часот на Телма телевизија. Раѓање на римејкот (1 дел) Ултра римејк (2 дел), Уметноста на римејкот (3 дел) и Како холивуд постојано се преродува (4 дел) се документарните филмови за холивудската индустрија.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неделен доку филм на Телма за Брус Спрингстин, миленикот на Америка

Поглед наназад низ архивите за извонредното патување на еден рок-гигант. Пејач обожуван од повеќе генерации, …

error: Содржината е заштитена!