Почетна / Серии / Продолжува соработката меѓу ТВ Телма и италијанската РАИ

Продолжува соработката меѓу ТВ Телма и италијанската РАИ

Телевизија Телма и италијанската национална телевизија РАИ и годинава го обновија договорот за соработка, кој ќе им донесе на македонските гледачи – нови и интересни филмски содржини во продукција на РАИ.

Меѓу нив се сериите „Винченцо Малинконико“, „Мина Сетембре“ и „Живеј и остави да живеат“, како и документарните филмови кои ги раскажуваат фасцинантните животни приказни на светската ѕвезда на Формула 1 Енцо Ферари, скијачкиот шампион Алберто Томба и виртузниот пијанист и композитор Еѕио Босо.

Иницијативата следи по минатогодишните италијански успешни вечери на Телма на кои се емитуваа сериите „Срца“, „Бегалка“, „Венчај се со мене“ и „До последното отчукување на срцето“, како и неколку италијански филмови.

Договорот е реализиран благодарение на соработката со италијанската амбасада во Скопје насочена кон промовирање на италијанскиот јазик и култура во земјата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гламурозната мини серија за „Дубаи” – секој ден во 15 часот на МРТ 1

Oд понеделник до петок во 15.10 часот на МРТ 1 гледајте ја документарната серија ,,ДУБАИ …

error: Содржината е заштитена!