Почетна / Сапуници / Прочитајте како започна медицинската драма за „Добриот доктор“ на Сител

Прочитајте како започна медицинската драма за „Добриот доктор“ на Сител

Младиот, но посебен Али има вроден савант синдром и аутизам, состојба во која личноста покажува специфични способности со кои скоро развива недостижно ниво на талент во една или повеќе области.

Како мал, немал другарчиња и целата грижа за него ја превзел неговиот брат. Но, по смртта на братчето, семејството го обвинува Али за таа трагедија и така тој останува сам и осамен, препуштен сите следни животни задачи да ги извршува сосема сам.

Расте во сиропиталиште, а љубовта кон медицината го натерала да запише медицински студии, истакнувајќи се со генијална меморија и медицински вештини во текот на студирањето.
Во потрага по пракса, одбиен е од многу болници поради неговата вродена состојба, но за среќа, ете сега конечно наоѓа место во една болница во Истанбул благодарение на неговиот ментор Адил.

Така започнува неговата приказна во големиот град. Добриот Али е фантастичен доктор, но за жал потешко ќе му оди комуникацијата со членовите на докторскиот тим во кој треба да се докаже и да ја оправда довербата за да остане на работното место. Останатите лекари на почетокот не можат да го поднесат, но неговата искреност и посветеност постепено ги освојуваат сите до еден.

Во оваа болница, Али нема да стекне само пријатели, туку и семејство за кое секогаш копнеел. Но, ќе запознае и љубов која станува посебна и интересна не само за добриот доктор, туку и за сите околу него.

Од понеделник до петок оваа сезона 2021/2022, следете ја медицинската драма за “Добриот доктор” во вечерниот термин на Сител телевизија и подгответе се и за серијата феномен која стартува исто така оваа есен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на „Азра“ и „Фазилет“ во нова играна серија на Сител

Секој сака да сака, и војник и морнар, и сиромав и богат. Тоа не се …

error: Содржината е заштитена!