Почетна / Сапуници / Прочитајте ја содржината на „Суровиот град“, новата серија на Сител

Прочитајте ја содржината на „Суровиот град“, новата серија на Сител

Нова играна серија од понеделник до петок на Сител во 19.45 часот. Доколку ги пропуштивте првите епизоди, прочитајте како започна приказната зa “Суровиот град” и вклучете се во неверојатната динамична битка за љубов, моќ и превласт.

Сехер Јилмаз е горда, традиционална и помалку конзервативна мајка, која живее со двете ќерки Џемре и Џерен, синот Џиван и свекрвата Нериман во малото место Антакија. Оваа мајка го посветила животот на своите деца и им верува безусловно, но секое од тие деца има свои посебни животи, соништа и амбиции, за кои ни мајката не е свесна.

Додека живеат во тешки услови, се борат истовремено со суровоста на животот. Нивните судбини се менуваат кога алчната баба Нериман решава тајно да склопи таен договор со богатиот господин Аѓах Карачај, кој потекнува од Антакија.


Аѓах Карачај е имотен човек, кој одамна се отселил од тоа место и се преселил во Истанбул, каде живее во величествена вила заедно со сопругата Шениз, синот Џенк и ќерката Дамла, а воедно ја превзел и грижата за парализираниот внук Недим. Сакајќи да му обезбеди светла иднина на внукот, Аѓах одлучува од родниот крај да му донесе девојка на Недим со која тој би се оженил и која би се грижела за него во иднина.

Со помош на својата слугинка, господинот Аѓах склучува договор со Нериман за да една од нејзините две внуки стане снаа за внукот во богатото семејство, а за возврат семејството Јилмаз да добие богата парична награда. Од друга страна, Нериман го крие тоа од Сехер и внуците, па ги убедува дека е време да ја напуштат Антакија и да се доселат во Истанбул.

По пожарот кој ќе им го уништи домот, Сехер нема друг излез, освен со синот, ќерките и свекрвата да се пресели во големиот, но суров град крај Босфорот.


Аѓах ги прима во неговиот дом, но работите започнуваат да се комплицираат кога Сехер и ќерките ќе дознаат за тајниот план. Импресивниот и гламурозен свет на фамилијата Карачај крие стара и опасна тајна, која е на чекор да биде откриена откако Сехер и децата се доселуваат во големата вила. Тајни кои ќе го потресат богатото семејство, но и ќе ги испреплетат судбините на дојденците со оние кои веќе живеат во таа вила.


Ништо повеќе нема да биде исто затоа што следува неверојатна лавина на сплетки и измами во двете семејства, кои ќе мора да живеат под ист покрив, кроејќи различни планови и доживувајќи неочекувани пресврти. Ништо повеќе нема да биде исто во таа вила.

Ништо повеќе нема да биде исто под крилјата на суровиот Истанбул.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шениз од „Суровиот град“ – „жешка“ и сурова и приватно

Турската актерка Мине Тугај ја гледавме во улогата на опасната Шениз Карачај во турската драма …

error: Содржината е заштитена!