Почетна / Серии / Предлог серија на SkyShowtime – мини мистеријата „Apples never fall“

Предлог серија на SkyShowtime – мини мистеријата „Apples never fall“

SkyShowtime се подготви за маестрален почеток на новата година со истакнување на десет нови, возбудливи наслови кои ќе се појават на платформата во текот на 2024 година. Со листа од еден куп свежи и оригинални серии, регионални и ексклузивни наслови, SkyShowtime покажува дека е подготвен и оваа година да го задржи вашето внимание пред екраните и да ви понуди бескрајни часови врвна забава.

Листата на нови содржини ја предводи ексклузивната серија „Apples Never Fall“ која е базирана на истоимената книга од Лиен Моријарти и ја раскажува приказната за навидум совршеното семејство Дилејни. Поранешните тениски тренери Стен (Сем Нил) и Џој (Анет Бенинг) ја продаваат нивната успешна тениска академија за да се посветат на „златните години од животот“ и на нивните четири возрасни деца. Кога на вратата се појавува ранета жена, која им ја носи толку посакуваната возбуда во животот, работите нагло се менуваат и членовите на семејството дознаваат работи едни за други кои никогаш не би ни помислиле да ги прашаат. Мистеријата „Apples Never Fall“ пристигнува на SkyShowtime во март 2024 година.

Ова е само дел од богатата понуда на SkyShowtime, а следува по многу успешната 2023 година во која на стриминг платформата се појавија наслови како „Babylon“, „Fellow Travelers“, „Frasier“, „Poker Face“, „Special Ops: Lioness“, оригиналната серија „Yellowjackets“ и многу други.

Побрзајте и регистрирајте го вашиот профил на https://www.skyshowtime.com/mk и уживајте во часовите на врвна забава од некои од најдобрите студија во светот!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Кои се луѓето кои најдобро можат да ве разберат, да ви помогнат…со кои можете да …

error: Содржината е заштитена!