Почетна / Филм / Премиерна британска, француска и германска драма викендов на Телма

Премиерна британска, француска и германска драма викендов на Телма

Во 1970-та, напреварувањето за Мис на светот се одржало во Лондон, а домаќин на настанот е познатиот американски комедијант, Боб Хоуп.


Во тоа време, натпреварувањето за Мис на светот било едно од најгледаните натпреварувања – со над 100 милиони гледачи. Тврдејќи дека натпреварувањето ги понижува жените, новооснованото Женско движење за ослободување, стекнува слава преку ноќ со нивното упаѓање на натпреварот и нарушување на преносот во живо.

Кога преносот продолжил, настанал немир при прогласување на победничките. Победничката не била фаворитот од Шведска, туку Мис Гренада, првата црна жена која станала Мис на светот. За неколку часа, публиката била сведок на протерувањето на патријархот од сцена и менување на идеалите за убавина на западниот свет.

“Mис лошо однесување” е британска драма, базирана на вистинита приказна, чија премиера на Телма ќе ја следите во сабота на 19. јуни 2021 веднаш по централните вести од 18.30 часот.

Оваа сабота, уште една премиера на Телма. Во 22.15 часот, по вечерните вести следува францускиот филм “Grâce à Dieu” кој зборува за Александар, бастион на француската католичка буржоазија.

Посветен на црквата, тој дознава дека Отец Прејнат, свештеникот кој го злоставувал додека бил дете, сѐ уште работи со деца.


Решава да преземе акција и набргу му се придружуваат уште двајца мажи, кои исто биле жртва на свештеникот. Тројцата мажи ќе работат посветено да го осудат свештеникот кој е штитен од црквата, подвиг кој ќе ги загрози врските кои тројцата мажи ги имаат со своите блиски…

Филм базиран на вистинити настани и добитник на наградата Гран при на Берлинале.

За крај на викендот, во недела на 20-ти јуни во 22.15 часот Нуман Ацар, Адам Будудукос и Дајан Кругер во “Од никаде”, германска крими драма, наградена со „Златен Глобус“.

Животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синот Роко ќе загинат во бомбашки напад. И по сите обиди да се соземе и да преболи, судењето на осомничените ја полудува и таа оди до крај во потрагата по правда.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

error: Содржината е заштитена!