Почетна / МК Сцена / Пред концертите, гледаме како се снимаа „Песни за љубов и копнеж“

Пред концертите, гледаме како се снимаа „Песни за љубов и копнеж“

„Песни за љубов и копнеж” е новото ЦД на популарната македонска поп-пејачка Каролина Гочева. Работено е со сите заеднички сили со познатите уметници Исмаил Лумановски и Дуке Бојаџиев. Воедно, гига брендот Каролина најавува и концертна промоција на песните која преку маратон од неколку магични концерти ќе се одржи овој декември во Македонската филхармонија во Скопје.

Македонската публика ќе има навистина ретка можност во живо да слушне песни кои имаат есенцијална вредност, изведени од тројца врвни уметници кои добар дел од својата ДНК – а, ја вложија во создавањето на овој проект. „Песни за љубов и копнеж” е сочинет со 11 најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20 век.

Тоа е златната ера на македонската забавна музика, кога царуваа и големите хитови, песни кои ги создаваа и: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…

Како се снимаше овој безвременски музички материјал, гледаме во сабота на МРТ 1 во документарната емисија “Песни за љубов и копнеж”, а како звучи во живо, слушаме ексклузивно во спектакуларните концертни вечери во Македонска филхармонија.

Уживаме со Каролина и овие празници, поддржувајќи секогаш квалитетна македонска музика и маестрална грандиозна изведба. Ѕвездата повторно сјае, супербрендот и овој пат освојува.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џез концерт на Салто од Прилеп џез викенд 2015 на Наша ТВ

Во среда (30.11) во 22:00 премиерно на Наша тв ќе се емитува концерт на Салто …

error: Содржината е заштитена!