Почетна / Телевизија / Х Фактор / Х Фактор live 7 | Александра и Алекса заминаа

Х Фактор live 7 | Александра и Алекса заминаа

 

Уште една спектакуларна вечер помината со Х Фактор е зад нас, уште една вечер помината со квалитетна музика, вечер во која сите си земаат улога на музички критичари, вечер зачинета со смешни твитови и Фејсбук статуси. Седмото live издание сигурно ќе го паметиме по провокациите меѓу Жељко и Кристина, дизниевите сценографии и острите коментари на менторите и секако споредбата на Илма со малечката невеста. Во продолжение детални информации околу шоуто.

 

 

Алекса Перовиќ настапи прв и ја отпеа песната „Вруќ ветар“. Кристина Ковач ја претстави новата фризура и на провокациите од Жељко Јоксимовиќ дека во Србија немало џез музичари, таа одговори: „Па, само по тебе сме познати“. Жељко поради овој нејзин коментар целата вечер се обидуваше да ја испровоцира Кристина.

Маид Хечимовиќ изведе хрватска песна и овој пат покажа дека може и да игра и да пее на сцена. Илма Карахмет се претстави со „I need to know“ и беше опкружена со многу балерини. Илма доби позитивни коментари за аутфитот за кој самата се погрижила. Даниел Кајмакоски ја одбра песната на Righteous brothers, „Unchained melody“. Оваа песна на Даниел му обезбеди место во претпоследниот live во оваа сезона на Х Фактор.

 

 

„Aint No Sunshine“ ја отпеа Лукијан Ивановиќ, тој доби особено добри критики од жирито. Александра Брковиќ ја одбра песната „Reflection“ од Кристина Агилера. Докторите беа вистинско освежување на вечерта кога се појавија со песната „ll be there for you“ од серијата Friends. Тамара Милановиќ исто така беше одлична на сцената со песната „Skyfall“ од Адел, Жељко тука имаше замерки затоа што оваа песна веќе беше изведена на аудициите.

 

 

Во ревијалниот дел публиката ја забавуваше пејачот Дејан Цукиќ, а потоа и Тропико бенд. По завршувањето на гласањето продукцијата соопшти една непријатна вест, како за учесниците на шоуто така и за менторите и публиката. Имено, поради малкуте гласови тие одлучија веднаш да ја исфрлат Александра Брковиќ без да и дадат можност да влезе во дуел и да се бори за своето место. Во дуелот влегоа Маид и Алекса и на крајот шоуто го напушти Алекса. Емина Јаховиќ остана без уште еден учесник.

Се поблиску сме до финалето, останува само уште еден live и потоа следува големото финале за кое веќе се продаваат влезниците.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

error: Содржината е заштитена!