Почетна / Серии / Пред четвртата сезона, потсете се на првите три од „Gotham“

Пред четвртата сезона, потсете се на првите три од „Gotham“

Од есен на фреквенцијата на Телма премиерно во Македонија ќе се емитува четвртата сезона од познатата американска серија “Готам”, a во меѓувреме следете ги репризните изданија на серијата од понеделник до петок на Телма во 19.15 часот. Ве потсетуваме како започна “Готам” и бидете со Телма за да ги проследите сите три сезони :

Приказната се врти околу младиот детектив Џејмс Гордон, а започнува со истрагата на убиството на Томас и Марта Вејн, родителите на малиот Брус Вејн. Детективот со целата своја сила ќе се бори против криминалот кој владее во овој град. Изгледа дека тој е единствениот детектив кој навистина се бори за правда и кој не е корумпиран, а токму оваа карактеристика може да го чини живот…

“Gotham” ја следи борбата против криминалот во градот Готам во годините пред појавата на Бетмен.
Џејмс и неговиот циничен партнер, Харви Булок, многу брзо и лесно ќе го решат случајот за убиството на родителите на Брус Вејн, но работите не секогаш се онака како што изгледаат. Џејмс ќе открие дека за убиството била наместена невина личност и токму овој настан ќе го натера да започне со сопствена потрага на вистинскиот убиец. Тој дури ќе му ја признае вистината и на малиот Брус и ќе му вети дека ќе ја открие мистеријата позади загубата на неговите родители.

Војната која ќе го преземе овој град ќе однесе голем број криминалци како жртви, но таа исто така ќе помогне и во раѓањето на голем број злобни негативци. Додека сè ова се случува, младиот Брус трпеливо ќе набљудува и токму оваа опсесија со криминалот во градот ќе предизвика еден ден тој да побара одмазда како Бетмен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТВ по четвртти пат со реприза на серијата „Џек Тејлор“

На местото на репризата на “Арн Дал”,  МТВ 1 в0 вечерните часови започнува со реприза …