Почетна / МК Сцена / Pre-parties на Макфест оваа година во повеќе градови

Pre-parties на Макфест оваа година во повеќе градови

Штип, Струмица, Велес, Гевгелија, Кавадарци и Скопје се градовите во кои за прв пат од оваа година ќе започнат да се одржуват пред-забавите посветени на најпрестижниот музички фестивал во земјава – Макфест кои ќе имаат за цел популаризирање на манифестацијата не само во градот- домаќин, туку и во другите градови низ Македонија. Задолжен за пред-макфестовското загревање на публиката ќе биде Ерик Фокс, кој на овие забави во рамките на својот диџеј сет ќе ги пушта најголемите хитови изведени од првиот Макфест, па се до последниот.

Pre-parties на Макфест

„Многу хитови испеани на Макфест во изминативе 27 години колку што постои фестивалот станаа евергрини и токму тие хитови се незаборавни не само за постарата публика туку и за помладите генерации кои со задоволство ги слушаат. Затоа одлучивме преку pre-parties да го популаризираме фестивалот не само во Штип, туку и во другите градови низ Македонија и да ги потсетиме слушателите на најголемите хитови кои произлегле од Макфест. Ерик Фокс е еден од најдобрите диџеи во Македонија кој знае да направи одлична забава, а специјално за макфестовските pre-parties тој има направено и неколку ремикси за кои сме сигурни дека ќе и се допаднат на публиката“, изјавуваат организаторите.

Забавите посветени на Макфест ќе започнат од оваа недела, а Струмица и дискотеката Платинум ќе бидат стартното место за забавување со  најголемите макфестовски хитови. Како и секоја година, така и оваа, во текот на трите фестивалски дена (12-ти, 13-ти и 14-ти октомври) во неколку локали во Штип ќе се одржуваат целодневни забави посветени на Макфест.

Chris | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова новогодишна песна за децата – поддржана од СОС Детско Село

На еден ден пред Новата година со радост и гордост беше промовирана новогодишната песна која …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!