Почетна / Филм / Познатиот „Викенд на мртовци“ за престојниот викенд на МТВ 1

Познатиот „Викенд на мртовци“ за престојниот викенд на МТВ 1

“Викенд на мртовци” е македонски филм-комедија од 1988 година, режиран од Коле Ангеловски, со Владимир Ангеловски – Дади, Ѓорѓи Јолевски, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски и Благоја Чоревски во главните улоги. Филмот е екранизација на театарска пиеса од Миле Попоски и е последниот снимен во Вардар филм во рамките на СФР Југославија.

Во петок (24 април), сабота (25 април) и недела (26 април), “Викенд на мртовци” ќе се емитува на првиот канал на МТВ во 21 часот, поделен во три дела (секој ден по 40тина минути од филмот). Во продолжение, потсетете се на содржината на овој антологиски филм :

Тасе е известен дека неговата жена починала на една од клиниките во Скопје. Набргу неговиот дом се исполнува со нивни роднини и пријатели и сите чекаат да пристигне ковчегот со умрената за да ја оплачат и погребаат.

Во соседството, пак, наспроти куќата на Тасе, се прави свадба. Со звукот на зурлите и тапаните пристигнува ковчегот со умрената, но кога истиот ќе го отворат, му нема крај на изненадувањето зашто внатре не е Кате, сопругата на Тасе, туку некоја непозната жена.

Веднаш бараат објаснување од Државната болница во Скопје од каде се известени дека во сплет на околности, направена е размена на покојничките и дека нивната Кате се наоѓа кај некој Климе од Охрид, а неговата жена е во ковчегот што пристигнал кај Тасе. Тасе и Климе воспоставуваат врски и се договараат да си ги разменат покојничките при што постигнуваат договор да се сретнат на полпат, односно на планинскиот превој Ѓавато.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зад стоговите сено“ – филм за грчко-македонската културна соработка

Изнаоѓање на една заедничка нишка и зближување на народи кои живеат на различни територии, како …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!