„Коментар“ е новата петочна емисија на телевизија 24. Разговор во студио за општествени случувања, помалку или повеќе подзаборавени, ќе води Огнен Јанески со неговиот гостин.
За првото издание, по инспирација од конференцијата за Денови на медиумите 2019 на ЕУ – Западен Балкан, која се одржа во Подгорица минатата недела, заедно со гостинот Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Огнен ќе разговара за лажните вести и дезинформациите, за кои власта објави акциски план за борба против нив.
КОМЕНТАР СО ОГНЕН ЈАНЕСКИ ВЕЧЕРВА
Зошто нема особен напредок во реформите во медиумите? Кои ги кочи процесите? Македонија е пофалена од Европската комисија за своевидно подобрување, но има уште многу за да се сработи. Дали власта воопшто има намера да се впушти во реформа на јавниот сервис МРТВ во моменти додека се бори лажните вести и дезинформациите? Се плаши ли власта од губење на гласови за следните избори доколку чепне кај тие кои земаат плата од буџетот, а не одат на работа?Во првото издание на Коментар со Огнен Јанески, гостува министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.Гледајте вечерва во 20.45 на тв 24
Gepostet von Телевизија 24 am Freitag, 20. September 2019
Дополнително, Огнен ќе се осврне и на реформите во медиумите, со посебен фокус на реформата за јавниот сервис МРТВ, како и тековните реформи во јавната администрација.
Дани | ТВ Пакет