Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Нова емисија за „Добар ден, секој ден“ во 12 часот на Алфа
ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК - НОВА ПОПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА НА АЛФА

Нова емисија за „Добар ден, секој ден“ во 12 часот на Алфа

Од понеделник до петок точно на пладне на Алфа телевизија ќе се емитува пладневната семејна емисија “Добар ден, секој ден”.

Ирена Спировска, Ивана Илиевска и Искра екс Џамбазова е водителското трио на новата пладневна програма на Алфа исполнета со многу интервјуа, промоции, интересни луѓе, настани и контакт со гледачи.

Во рамките на оваа емисија ќе се емитува и добропознатата контактна емисија “Збор по збор”, овојпат во ново студио. На нови теми, но на истите телефонски броеви, ќе може и понатаму гледачите да се јавуваат во програмата и да дискутираат за најактуелните политички и општествени случувања.

Од сега, контактот со гледачите ќе го имаат водителките на попладневната емисија, а Александра, дотогашната водителка, ќе ги информира гледачите за сите вести од културата.

Во пладневната програма на Алфа, ќе ги следиме и најновите кулинарски доживувања на Адријана Алачки со автентичната “Вкусот на традицијата”. Оригинални македонски рецепти, но и претставување на светските кујни следуваат во новите емисии со Алачки.

Тука е и новата рубрика за практични совети со “Супер-бабички”. Баба Рада и баба Дракче ќе ги едуцираат гледачите за тоа како да се погрижат за своето здравје и убавите мисли, а дел од емисијата се и попладневните мини вести со Ненад Георгиевски околу 17 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Шоуто на Елен“ продолжува на Телма со новата 17-та сезона

Позитивна и харизматична, оригинална и несебична, праведна и уникатна. Елен ќе ги руши сите табуа …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!