Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Флексија” на ТВ 24 ќе раскажува за животните судбини и промените
Јулија Цветковска се враќа на тв екраните со своја авторска емисија

„Флексија” на ТВ 24 ќе раскажува за животните судбини и промените

Нова телевизиска емисија на ТВ 24. “Флексија” ќе ни ги прикаже приказните од обичниот живот на обичните и необичните луѓе од нашето општество. Јулија Цветковска како автор и водител и Ивана Дамовска во улогата на новинар, ќе се обидат на публиката да им ги доближат промените кои што секому може да му се случат.

Животните приказни на познатите и непознатите, приказни раскажани од страна на актери, новинари, пејачи, но и самохрани мајки, жртви на семејно насилство, монаси, сообраќајни несреќи, разводи, трагедии, смрт. “Флексија” е простор за сечија промена која што може на момент да ве растажи но веќе во следниот да ве мотивира затоа секогаш доаѓа нов ден.

Крајната цел на емисијата е низ споделување на тага, среќа, болка, радост да научиме дека сите сме исти, без оглед на позицијата, функцијата, положбата во општеството, финансиската положба. Да покажеме дека кога е болест во прашање, сите семејства поминуваат низ исти болнички лавиринти, кога умира партнерот болката е иста за оној кој што останува. Кога се раѓа дете сите исто се радуваме. Но ако одлучиме погласно, поотворено, поискрено да споделуваме низ што поминуваме, тогаш за сите нас ќе биде полесно. Флексија е проект во кој што приказните се вистински. Луѓето се такви какви што се. Не разубавуваме приказни само раскажуваме. Споделуваме моменти кои што секој еден од нас во некој дел од животот ги доживеал или допрва ќе ги доживее. – велат од тимот на емисијата.

Во првата емисија која ќе се прикаже на 13. октомври во 20.45 часот на ТВ 24, ја следиме личната и интимна борба на Јована Филиповиќ со карцином на матка. Со нејзе за борбата, со директорот на Клиниката за Онкологија Др.Нино Васев за симптомите, лекувањето и прифаќањето на дијагнозата.

Недела 20:45 на ТВ24 во Флексија – Јована Филиповиќ!

Во првата епизода на Флексија, лична и интимна борба на Jovana Filipovic со карцином на матка. Со нејзе за борбата, со директорот на Клиниката за Онкологија Др.Нино Васев за симптомите, лекувањето и прифаќањето на дијагнозата. Недела – 20.45 Телевизија 24

Gepostet von Флексија am Dienstag, 8. Oktober 2019

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерна забава на Алфа со хрватското реално шоу „Живот на вага“

Хрватско реално шоу во новата програмска шема на телевизија Алфа. Секоја вечер околу 21.30 и …