Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #021

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #021

#21во продолжение

 

 

 

Мануел го сопре атомобилот пред една стара хациенда, која делуваше напуштено. Каталина сеуште не ја разбираше идејата зошто возеа скоро еден час до тоа напуштено место.

–       Што гледаш?, – ја праша Мануел.

–       Стара хациенда во која сигурно живеат духови, – одговори таа.

–       Намали со хуморот, драга. Ајде од ново. Што гледаш?

–       Хациенда…На која и треба реновирање.

–       Ти се допаѓа?

–       Секако дека ми се допаѓа. Слушај како пеат птиците. Има некоја утешителна тишина која ми е потребна.

–       Штом ти се допаѓа, тогаш наша е.

–       Што зборуваш?

–       Нашата куќа, Каталина. Знам дека е малку далеку од градот, но и јас и ти возиме, не е никаков проблем. Сакам овде да живееме откако ќе се венчаме, на овој трем да трчаат нашите деца. Треба доста работа, потребна е темелна реконструкција, но зарем не е преубава?

Каталина мораше да се согласи со Мануел. Хациендата беше преубава, лоцирана на преубава локација вон градот.

–       Знам колку многу сакаш да уредуваш, затоа ти давам одврзани раце да ја наместиш по твој вкус.

Очите на Каталина се испонија со солзи. Со десната рака помина по неговото нежно и убаво лице, тонејки во неговите небесни очи. Понекогаш се прашуваше со што заслужува толку добар и верен човек крај себе.

–       Не го заслужувам ова..

–       Залсужуваш и многу повеќе, – и рече тој бришејки и ги солзите. – Се би дал за тебе. Знаеш дека не можам да го замислам животот без тебе, Каталина? Те љубам со сета моја душа. Со сето мое битие.

Таа не рече ништо. Само силно го прегрна.

 

 

По барање на својата пријателка, Исадора ги отвори тарот картите. Емператриз помисли прашање и го пресече шпилот на половина. Картата на смртта лежеше на половина меѓу двата шпила.

–       Ова значи дека Лусијано ќе умре?, – праша.

–       Многу нешта се нејасни. Но, да. Жалам, Емператриз но Лусијано го чека смрт.

–       Што друго гледаш?, – праша нетрпеливо.

–       Гледам предавство. Некој што е многу горд и многу страда.

–       Мора да е Мануел …

–       Немој да имаш доверба во него, – ја советуваше Исадора. – Не покажувај дека не му веруваш, но држи се на страна.

–       Морам да знам уште нешто, Исадора. Имам  ли друг непријател во фирмата?

–       Секогаш постојат непријатели…

–       Овој е посебен. Се работи за братот на Мануел. Дали го гледаш како ми стои на патот?

–       Не. Не гладам ништо повеќе.

–       Обиди се повеќе. Не те плаќам за да ми кажеш дека не гледаш ништо повеќе.

–       Жалам, тоа е се.

Незадоволна од она што  и беше предвидено, Емператриз и остави пари на масичката и го напушти станот. Откако повторно остана сама, Исадора го зеде мобилниот телефон и заврте еден број.

–       Ало? Да јас сум. Знам дека не ми дозволуваш да те барам, но имаме проблеми. Беше Емператриз. Ме праша за нешто што не си ми го кажал. И јас не знаев што да и одговорам.

 

 

 

            Себастијан ја наполни зделата на Бак со храна, пред да излезе од станот, кога се огласи ѕвоното од влезната врата. Пред него стоеше Ана. Стјуардесата не се откажуваше, помисли за себе.

–       Здраво, Себастијан.

–       Излегувам…

–       Дојдов само да ти пренесам порака од Ванеса, – му одговори со бес во гласот, замавнувајки му шлаканица. – Знаеш ли колку девојки те бараа додека јас ти го чував станот во Мадрид како идиот?

–       Мирна, мирна…Никој не бараше да го чуваш станот. Само те замолив да внимаваш на Бак, тоа беше се. Сега извини ме, но се брзам.

–       Се брзаш? Не ми вели дека си нашол веќе друга…Тешко таа девојка. Ти не си во состојба да се врзеш. Не си способен никој да сакаш.

–       Смири се, Ана. Колку време се познаваме? Четири, пет години? Добро ме познаваш и знаеш дека никогаш не ти ја симнував месечината, ниту ти ветував нешто. Навистина не знам од каде сега доаѓа оваа драма. И да не се лажеме. Ниту јас не бев единствениот маж кој го имаше сите овие месеци.

–       Ти си достоен за презир.

–       Не, само сум искрен. Не те лажам, ниту се лажам. Најдобро е да ги смириме страстите и да останеме во добри односи, бидејки пред се сме колеги. А сега, извини ме, морам да одам.

 

 

Тоа претпладне, Луз ја посети својата мајка. Ја затекна како и секогаш, во нејзината соба, легната на креветот.

–       Луз, ќерко, – ликуваше Мерседес кога ја забележа својата ќерка па ги подаде рецете.

–       Како си денес, мамо? Сакаш да те прошетам во градината?

Мерседес негативно ја заврте главата.

–       Но, мораш малку да излезеш од оваа соба, мамо. Не можеш по цел ден да седиш тука затворена. Погледни се колку си бледа. Кој знае од кога те нема фатено сонце.

–       Мајка ви знае што е најдобро за неа, – се замеша Дијана која стоеше на страна.

–       Јас не се согласувам, – инсистираше Луз. – Ајде малку со мене во градината.

–       Госпоѓице Луз, можеме ли да поразгоараме на кратко?,  – ја праша болничарката.

 

 

Агата го сопре автомобилот пред куќата на Ламасови. Со своите елагнтни чекори се искачи по мермерните скали  и заѕвоне на влезната врата.

Пандора ги прекина своите домашни обврски и појде да отвори.

–       Добар ден. Дали е дома Емператриз или можеби Мануел?

–       Не, никој нема дома, госпоѓо Уриостеги. Госпоѓата Емператриз рано замина в болница да биде покрај господнот. Кутрата госпоѓа, скршена е.

–       Да, кутрата. Пандора, јас сношти си ја заборавив актовката во библиотеката, па ако не е проблем ќе одам да ја земам.

–       Нема потреба, госпоѓо, јас ќе ви ја донесам.

–       Не сакам да те мачам, драга. Знам каде ја оставив ќе одам самата, – инсистираше Агата, па појде преку домарката и се упати кон библиотеката.

 

 

Луз и Дијана излегоа од собата на Мерседес. Дијана ја затврои кваката, па погледна во ќерката на госпоѓата.

–       Госпоѓице Луз, очигледно не разбирате…

–       Што не разбирам, според тебе?

–       Не смеете да ја присилувата мајка ви да ја напушта собата. Јас знам што правам и оа што го правам е најдоброто за госпоѓата.

–       Дијана, знам дека си одлична и квалификувана сестра, но исто така знам дека мојата мајка никогаш нема да заздрави ако остане затворена во таа соба.

–       Гледам дека не разбирате, госпоѓице. Тоа што мајка ви е постојано затворена, не е по мое барање. И да не бев јас тука на 24 часовен надзор, вашата мајка сега ќе беше во санаториум. Доња Мерседес не е невротична, туку е психотична. Ако излезе во градината може да добие паничен удар. Знам дека го сакате најдоброто за вашата мајка, но вака само и наштетувате.

Луз не одговори ништо. Длабоко во себе знаеше дека болничарката ја говори вистината.

 

 

По апсењето на Браулио, неговата сопруга Перла се појави во зградата на Фалкон Ерлајнс со цел да зборува со Мануел. Ева, секретарката на Лусијано, се обидуваше да и објасни дека Мануел не е на работа. И додека Перла инсистираше да го почека, од лифтот излегоа Мануел и Каталина.

–       Еве го, – крикна Перла и пријде до Мануел.

–       Каталина, мила, те молам оди и почекај ме во канцеларијата да завршам со госпоѓата. Ева, те молам послужи ја со кафе мојата вереница. Благодарам.

Откако Мануел го исчисти ходникот, грубо ја грабна Перла под рака и ја повлече кон лифтот.

–       Што бараш ти овде, по ѓаволите? Ти кажав дека по ниедна цена никој не смее да те види овде.

–       Ме прати маж ми. Ми рече да ве побарам бидејки го уапсија се наоѓа во локалната полициска станица во Бенито Хуарез.

 

 

Агата не можеше да биде мирна пред да ја прегледа библиотеката каде што претходната вечер Лусијано Ламас доживеа удар. Приватниот детектив во неа ја натера да пребара по фиоките, полиците, масите, со цел да најде некоја трага, бидејки инстинктот на писателка која пишува крими романи и говореше дека не се работи за обичен мозочен удар.

–       Не ја најдовте вашата актовка, госпоѓо?, – ја праша Пандора, влегувајки во библиотеката.

 

 

Каталина ја спушти шољата со еспресо на стаклената маса пред себе, кога во канцеларијата влезе Мануел.

–       Што е?, – го праша гледајки го нервозен.

–       Ништо.

–       Сигурно не е ништо? Ми делуваш нервозен.

–       Ништо што не можа са да го решам. Можам ли да те замолам за услуга? Во 15 требаше да имам состанок со агенцијата „Травел“ но нема да можам. Би можела ли да ме замениш? Го знаеш договорот подобро и од мене. Знам дека нема да ме изневериш.

–       Во ред, – се согласи Каталина.

 

 

Гато, градинарот во куќата на Ламас, ги уредуваше розите во задната градина, кога до него како сенка пријде Пандора.

–       Гато, дали случајно сношти си видел црна актовка во градината? Госпоѓата Уриостеги ја загубила, мислејки дека е во библиотеката, но очигледно ја оставила некаде во градината меѓу масите.

–       Не сум видел ништо, – одговори градинарот.

 

Откако Каталина излезе од неговата канцеларија, Мануел седна зад компјутерот. Прво и јави на секретарката да не го прекинува и да ги откаже сите негови состаноци за тоа попладне. Потоа го отвори мејлот и почна да пишува порака;

–       Итно е. Ми треба помош. Одговори ми најбрзо што можеш.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …