Почетна / Забава / Позната агендата за спектаклот на Стинг на Градски на 2 јуни

Позната агендата за спектаклот на Стинг на Градски на 2 јуни

Во пресрет на големиот спектакл на Градски Стадион во Скопје, Авалон продукција излегува со соопштение до јавноста со кое уште еднаш покажа грижа и разбирање за сите македонски граѓани. Браво, Авалон, се гледаме на Градски, а во продолжение прочитајте го соопштението :

Драги пријатели,
Со огромно задоволство Ве информираме дека менаџментот на STING покажа огромно разбирање на нашето барање, со желба да го споиме убавото со корисното.

Имено, бидејќи постои шанса ракометниот клуб „Вардар“ да игра во финалето на „Final Four“ во недела со почеток од 18 часот, првиот настап вечерта на Влатко Стефановски трио ќе почне во 20:30 часот, додека Sting ќе го видиме на големата сцена во 22:00 часот.

На ваков начин сите оние коишто дури и од дома би го гледале ракометниот пренос, би можеле да стигнат навреме и на концерт.

Официјална сааатница за недела:

Отворање врати: 17:45 часот
Влатко Стефановски трио: 20:30 – 21:30 часот
STING: 22:00- 00:00 часот

Се гледаме во недела на Градски!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!