Почетна / Серии / Српската серија „Самец во брак“ од сабота во 20 часот на Алфа

Српската серија „Самец во брак“ од сабота во 20 часот на Алфа

На местото на “Шеширот на професорот Коста Вујиќ”, Алфа телевизија ќе ја емитува српската серија “Самец во бракот” секоја сабота во 20 часот. Серијата е снимена по роман на Мир Јам, авторката на неколкуте српски серии емитувани на Сител, a сега кои се емитуваат на Алфа. По истиот роман се снимени и два долгометражни филма : Брод плови за Шангај (1991) и Кад љубав закасни (2014).

 Во продолжение прочитајте ја содржината за романтичната  приказна на Радмило и Лилјана.

Радмило е адвокат кој со години е вљубен во убавата Лилјана. Иако е најпосакуваниот ерген во малото гратче каде живее, тој ги одбива сите брачни понуди затоа што сака Лилјана да е единствената жена со која би се оженил. Но, таа планира да се омажи за Момчило, кој пред свадбата, во последен момент го покажува своето вистинско лице и одбива да се ожени со Лилјана. Изнервирана и бесна поради тоа, Лилјана од инает се мажи за Радмило иако не е заљубена во него.

Лилјана не е среќна во бракот и сака да се разведе, а Радмило ја моли да остане уште некое време како би смислиле како сето тоа ќе помине без скандали и озборувања во малото место. Радмило во бракот живее како самец, а Лилјана со тек на време почнува да го цени неговото внимание.
Нивниот однос постепено прераснува во голема љубов и тие двајцата остануваат да живеат заедно.

Улоги : Милош Биковић (Радмило), Бранкица Себастијановић (Лиљана), Весна Станојевић (тетка Стана), Игор Первић (таткото на Лиљана), Урош Јаковљевић (Момчило)

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиери, државната МТВ со втора реприза на серија

МТВ со реприза и на скандинавската трилер серија “Арн Дал” во 21.30 часот и тоа …