Почетна / Филм / Провокативната полска драма номинирана за Оскар во петок на Телма

Провокативната полска драма номинирана за Оскар во петок на Телма

Номиниран за Оскар за најдобар странски филм и добитник на преку 30 награди на фестивали ширум светот. Телото на Христос е возбудлив и провокативен филм во кој, како што велат критичарите, целата приказна ја раскажува главниот лик, младиот Даниел. (го игра младиот полски актер Бартош Биленија) чија одлична глума стана заштитен знак на овој филм. Премиерно на Телма телевизија овој петок, 23 февруари во 22.15 часот.

Ова е приказна за дваесетгодишен маж кој доживува духовна трансформација во младински притвор. Злосторството што го изврши го спречува да започне со формално проучување на христијанството. Сепак, Даниел не се откажува од својот сон и оди во мало гратче да си ја проба среќата во она што навистина го сака. Телото Христово е во основа емотивна приказна заснована на вистински настан, кој исто така е интелигентен, често ироничен одговор на положбата на црквата и религијата во современото европско општество.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саботна вечер на Телма со бразилската комедија „Сакани”

сабота, 13 април 2024, Телма ТВ, 19.15 часот – Сакани Ајрин е мажена за Клаус. …

error: Содржината е заштитена!