Почетна / Сапуници / Пофалби за Алфа – одлична синхронизација на новите серии

Пофалби за Алфа – одлична синхронизација на новите серии

Од понеделник до петок во 18.25 часот на Алфа телевизија со емитување започна модерната мелодрама “Врати ми ја љубовта”, која ја раскажува приказната за музичарката Вера, разгалениот Влад и амбициозниот Антон.

Она што е интересно е што за прв пат во Македонија гледаме руска новела, надсинхронизирана на македонски јазик. И особено за пофалба е што надсинхронизацијата на Алфа навистина звучи одлично. “Липсинкот” (синхронизацијата на усните) е на исто рамниште со турски серии, па затоа гледачите лесно e да прифатат и надсинхронизација на рускиот јазик, за разлика од шпанскиот, каде ваков тип на емитување звучеше лошо и неадекватно.

Искусни млади и повозрасни актери се дел од оние кои го позајмија својот глас во “Врати ми ја љубовта”. Палец нагоре за Алфа и идејата да емитуваат руска серија, надсинхронизирана на македонски јазик, која звучи навистина квалитетно и професионално обработена.

Млада девојка, вљубена во богат бизнисмен. Ќе може ли тој да возврати на нејзините искрени чувства, имајќи предвид дека кариерата и сопругата се неговото богатство? Или може згодниот Влад е вистинската љубов за убавата Вера? Од понеделник до петок, гледајте ја “Врати ми ја љубовта” попладне на Алфа.

Емтивна, топла и динамична приказна за Младата Вера, за амбициозниот Антон и за каприциозниот Владимир. За големиот љубовен тријаголник наспроти светот на интриги, лаги и валкани бизниси. Проветете зошто серијата "Врати ми ја љубовта" е прогласена за најдобрата серија на сите времиња. На вашата Алфа од пон-пет во 18.25Реприза од пон-пет во 11часотТВ АЛФА ПОБЛИСКУ ДО ВАС!!!

Gepostet von Ankica Stojanovska Mitrovska am Montag, 21. Oktober 2019

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интервју со Емир од „Ветување“: За мојот лик доаѓа тешка драма!

Ѓокберк Демирчи е 30 годишен турски актер кој го следиме во улогата на богатиот протагонист …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!