Почетна / Живот / Поезија од македонски поет преведена на кинески јазик

Поезија од македонски поет преведена на кинески јазик

Поетски избор од Стефан Марковски е вклучен во јунскиот број од книжевното списание Chinese Language monthly кое излегува еднаш месечно од 1952 година, вброено меѓу најзначајните и списанија со најдолга традиција во Тајван.  

Преводот на 10 песни од англиски на кинески јазик го направи Тземин Итион Тсаи (1957), професор на Универзитетот на Азија во Тајван (Кина), поет, преведувач и редовен автор во списанието.

Поезијата на Марковски насловена „По трагата на белиот грифон“ (繼白色格里芬之後) е дел од рубриката Избрани дела од современи меѓународни поети каде досега во превод на Тсаи биле преведени и објавени 30-на светски поети.

Во изборот се интегрирани песни од последните две стихозбирки на Марковски, „По трагата на белиот грифон“ и „Хипербог“, вклучени и во македонско-англискиот избор Ветена Земја – Promised Land.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!