Почетна / Филм / Серијалот ју филмови „Чао инспекторе“ викендашки на Сител

Серијалот ју филмови „Чао инспекторе“ викендашки на Сител

Оваа сабота (17 август), оваа недела (18 август) и следната сабота (24 август), Сител телевизија ќе емитува уште еден хумористичен југословенски филмски серијал. “Чао инспекторе” е снимен од 1985 година до 1996 година, а ќе се емитува во попладневниот викенд термин – 17.20 часот.

Велимир Бата Живојиновиќ и Боро Стјепановиќ се легендарните полицајци Боки и Пајо кои ги очекуваат големи предизвици во справувањето со криминалот. Најпрвин, двајцата чувари на редот ќе мора да спречат една банда да изврши експлозија на хотел, а веќе потоа ќе мора да се справат со наводните вампири кои го напаѓале малиот град и ги краделе закопаните мртовци.

Во третиот дел, вонземјаните ќе бидат виновни за сè, a во четвртиот дел ја запознавате дамата која убива, со која Боки и Пајко ќе мора да се соочат за да спречат сидата да го зарази српскиот народ.

И за крај на овој серијал, повторна дружба со Боки и Пајко кои решени се да расчистат засекогаш со мафијата и да заминат среќни во Чикаго. Но, дали желбата ќе се оствари или југословенското тло ќе остане нивна земја засекогаш?

“Чао инспекторе”, уште еден комичен серијал филмови за летна релаксација овој месец на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!