Почетна / МК Сцена / Под ѕвездите со Игор Џамбазов, Бени и Весна Бејби на станица Карпош

Под ѕвездите со Игор Џамбазов, Бени и Весна Бејби на станица Карпош

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, на 17 јуни со почеток во 20.00 часот, на стадионот Локомотива, сега со ново име “Станица Карпош”, ќеприреди неверојатен open air настан за душа. Под ѕвездите на оваа јунска вечер, со Игор Џамбазов ќе уживаме во хитовите кои што со години наназад се дел од најголемите музички случувања кај нас. Но ќе уживаме и во анегдотите и приказните кои што Џамбазов ги носи со себе.
Освен Игор Џамбазов, овој настан ќе го збогати и рок репертоарот на Бени Нон Стоп но и стенд ап настапот на македонската актерка Весна Бејби Петрушевска.


Почетокот на настанот е закажан за 20.00 часот, цената на влезницата е 250 денари со вклучена консумација. Истите можете да ги обезбедите на купи карти за се, во Југотон и на влез.
Локацијата  пред себе има зацртана цел. А тоа е од овој простор да направат пријатно летно збиралиште за локалците но и за гостите од останатите скопски населби, кои што летото го минуваат низ градските паркови и тераси. Ништо нема да биде поразлично, освен пријатната музичка позадина насловена ПОД ЅВЕЗДИТЕ, која што ќе ја обезбеди организаторот.
Во петок на 17 јуни, “Под ѕвездите” ќе бидеме со Игор Џамбазов, Бени Нон Стоп и Весна Бејби Петрушевска. Се гледаме на “Станица Карпош” за да пееме и да се смееме под ѕведите на скопското небо!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтешките моменти од својот живот, Тамара ги преточи во песна

Тамара Волческа го промовираше своето ново музичко парче, односно сингл кој го носи насловот „Херој”, …

error: Содржината е заштитена!