Почетна / Филм / По завршеток на серијата, Канал 5 ќе го емитува и филмот со Зеленски

По завршеток на серијата, Канал 5 ќе го емитува и филмот со Зеленски

Серијата “Слуга на народот” со емитување заврши минатата сабота, а во последната сабота од месец јули, Канал 5 ќе го емитува истоимениот филм кој е базиран на популарната украинска комедија која во Македонија ја следевте изминативе месеци.

Во филмот, претседателот Василиј Голобородко (Владимир Зеленски) е на власт речиси половина година. Економската состојба во земјава е влошена, цените растат, националната валута паѓа. Довербата на народот во претседателот исто така забрзано паѓа.

За да се стабилизира состојбата во земјата, претседатеот мора да добие финансиска помош од ММФ во износ од 15 милијарди евра, што може да се обезбеди доколку се воведат реформи во Украина и се усвојат антикорупциски закони. Меѓутоа, опозицијата која премолчено ја водат олигарси, го блокира гласањето за пакетот на овие закони.

Претседателот Голобородко е во очај. Тој е принуден да бара совет и помош од својот заколнат политички непријател, поранешниот премиер Јуриј Иванович Чуико (Станислав Боклан), кого самиот го стави зад решетки по корупцискиот скандал.

Чуико се нуди да му помогне на претседателот да го реши својот проблем, под услов неговата амнестија. Тој развива лукава стратегија во која е неопходно вештачки да се создаде конфликт на интереси меѓу олигарсите и да се принуди собранието да усвои пакет антикорупциски закони кои не се популарни меѓу пратениците.

Сабота, 15.20 часот, веднаш по вестите – “Слуга на народот”, игран филм.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!