Почетна / Серии / По „Пријатели“, секоја вечер следува „Џек Ајриш“ на МТВ 1

По „Пријатели“, секоја вечер следува „Џек Ајриш“ на МТВ 1

Низа приказни со напнати заплети, харизматичен главен лик и шармантни споредни ликови ќе ве дружат овој јануари на МТВ 1, околу 22 часот. Џек Ајриш некогаш бил успешен деловен партнер во една приватна адвокатска канцеларија во Мелбурн, но откако сопругата му е убиена, тој запаѓа во алкохолизам и депресија. Прво, започнал да ги губи случаите, а потоа и самодовербата. Откако стигнал до дното, решава повторно да се издигне, да стане приватен детектив и да го среди мозаикот на својот разурнат живот.

Па така, во првиот случај, Ајриш разоткрива сериозна мрежа на корупција во полицијата, црквата и државниот политички врв. Потоа следува случај во кој му помага на пријателот, чиј син исчезнал, а во третиот дел, Џек е во потрага во една црвена книга, преку која навлегува во свет на мрачни ликови, уценувачи и убијци.

Ликот на Џек Ајриш го толкува Гај Пирс, познат по улогите во филмовите “Доверливо од ЛА” (1997), “Мементо” (2000) и “Прометеј” (2002).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што нѐ очекува во петтата сезона на „Реј Донован“ на ТВ 24?

Во светот на богатите и славните, Реј Донован ја извршува валканата работа за најмоќните луѓе …

error: Содржината е заштитена!