Почетна / Серии / По хит серијата „Беса“, Телма ќе ја емитува српската „Јужни ветар“

По хит серијата „Беса“, Телма ќе ја емитува српската „Јужни ветар“

Работите почнуваат да добиваат смисла во животот на Петар Мараш, крадец на автомобили од Белград. Тој купил картинг патека, го напуштил домот на неговите родители и се вселил во нов стан со неговата долгогодишна девојка Софија. Бандата во која тој е член, успешно работи предводена од искусниот Цар.

Во почетокот на серијата го следиме пристигнувањето на автомобил мерцедес натоварен со дрога, кој заминува од Бугарија кон Србија. Дрогата во Белград ја испраќа Димитар, бугарски наркобос, а неговиот син Христо, кој еден ден претходно се ожени, треба да ја однесе на местото на предавање.

Во меѓувреме, Мараш заедно со неговиот најдобар пријател Бача и Јани, уште еден член на бандата на Цар, од паркинг крадат нов модел на Мерцедес…

Улогите ги толкуваат Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ, Драган Бјелогрлиќ, Јована Стојиљковиќ, Небојша Глоговац, Срѓан Тодоровиќ, Милош Тимотијевиќ, Јасна Ѓуричиќ, Богдан Диклиќ, Христовашлоќовиќ, Христовашлоќович, Александар Берчек.

Режијата и сценариото се на Милош Аврамовиќ, а оваа позната српска серија ќе ја гледате на Телма од среда, 30 ноември во 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопругата на Џејсон од „Тим специјалци“ му ја простила аферата

Дејвид Бореаназ веќе пет години ги забавува телевизиските обожаватели како Џејсон Хејс ака Браво 1 …

error: Содржината е заштитена!