Почетна / Филм / Овој викенд на Сител – филмски маратон со многу трилери и акции

Овој викенд на Сител – филмски маратон со многу трилери и акции

Сабота и недела навечер следува маратон од неколку филмски наслови на телевизија Сител.

Гледачите ќе имаат можност да уживаат во американските продукции, одбрани од тимот на телевизијата кој реши да понуди малку поинаква програма за своите гледачи наместо новите изданија од “Ѕвездите на Гранд” и “Никогаш не е доцна” кои поради деновите на жалост, нема да се емитуваат во соседна Србија.

Маратонот започнува во сабота во 21 часот со “Altitude” (2017), крими акција за агент од ФБИ на кој му се понудени милиони за да помогне на крадец да побегне од одземен авион.

Акцијата продолжува со Стивен Сегал во “A dangerous man” (2009).

Откако ќе ја отслужи 6-годишната казна затвор за криминал што не го извршил, Шејн (Стивен Сегал) ќе биде пуштен на слобода со официјално извинување од државата Аризона.

Веднаш по излегувањето од затвор, Шејн ќе биде сведок на пресметката на кинеското подземје и киднапирањето на една млада девојка. Единствен начин да се спаси е да соработува со руската мафија.

И за крај на саботната вечер, по полноќ следува “Kung fu killer” (2014) каде еден кавкаски монах во Шангај се инфилтрира во подземниот свет за да ги пронајде убијците на неговата спиритуална жена.

Скот Адкинс и Долф Лундгрен ќе ве дружат во недела во 21 часот во “Castle falls” (2021).

Ривалски банди бараат милиони долари скриени во луксузен комплекс кој е планиран да се сруши, но прво треба да се пресметаат со чуварот кој прв го нашол пленот.

По оваа пресметка, во 23 часот следува повторна дружба со познатиот актер во “Today you die” (2005) каде Стивен Сегал го толкува Бенкс, крадец налик Робин Худ кој е на чекор од последниот грабеж во кариерата.

И за крај на филмскиот викенд, таен оперативец се буди и сфаќа дека ЦИА ја испратила неговата подморница на непозната локација во “Black water” (2018).

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историскиот трилер „Земја од соништата“ празнично на Телма

Во 1930-тите Тексас за време на депресијата, Јуџин Еванс живее со својата мајка и сестра …

error: Содржината е заштитена!