Почетна / Сапуници / По 25 години во САД започна нова американска дневна сапуница

По 25 години во САД започна нова американска дневна сапуница

Нова дневна американска сапуница која назира зад портите на семејството Дупри, богато афро-американско семејство кое живее луксузно во едно предградие на Вашингтон.

“Beyond the Gates” е првата дневна телевизиска сапуница во која има претежно афро-американска актерска екипа и првата нова која дебитира на американска национална телевизија во период од 1999 година до денес. За потсетување, американските дневни сапуници со децении се емитуваат во САД во дневните термини, а и гледачите во Македонија имаа можност да погледнат неколку од нив.

Една од првите дневни американска сапуници емитувана на македонските телевизии беше “Богати и убави”, прикажана во 90тите на А1.

Во тој период следуваа уште неколку и тоа “Санта Барбара” (МРТ), “Градот” (МРТ), “Универзитетска болница” (МРТ), “Сите мои деца” (Телма), “Млади и неуморни” (Сител), “Светот се врти” (Сител), “Некој те чува” (Сител), но дефинитивно таа која остави најголем белег и која сите ја паметат е најгледаната “Плажата на залезот”, емитувана на МРТ 1.

И новата американска сапуница која неодамна започна да се емитува на CBS ја следи сличната тематика како и другите. Серија за богата фамилија и крвните врски, афери и интриги кои ги поврзуваат нивните членови и пријатели.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турската љубовна драма „Сафир“ доаѓа на малите екрани

На една македонска телевизија, од идната недела започнува со прикажување турската љубовна драма “Сафир” . …

error: Содржината е заштитена!