Почетна / Живот / Писмо на активистка во врска со лов на улични кучиња во Кочани

Писмо на активистка во врска со лов на улични кучиња во Кочани

Во прилог отворено писмо до градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев од страна на Активистка за заштита на животни и животна средина. Во продолжение, ви го презентираме во целост:

Предмет
Отворено писмо

До
Градоначалник на Општина Кочани, Николчо Илијев

Загрижени граѓани и активисти од Кочани алармираат дека улични кучиња за кои се грижеле (ги хранеле, носеле на ветеринар итн.) се заловени од „Тодор Велков” на 11 април 2020 г. (понеделник).

Со оглед на тоа што во оваа земја има закони кои ги штитат правата на животните, барам и јавно да одговорите, но и официјално да ми ги проследите информациите на мојата службена е-адреса: [email protected]

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (и подоцнежните измени и дополнувања), барам одговор на следново:
1. Дали Општина Кочани има усвоено Програма за третман на бездомни животни за 2020 г.?
2. Доколку има, ја барам Програмата на увид веднаш со архивски број, како и детална информација на која седница била усвоена (датум).
3. На кој начин се „Тодор Велков” ангажирани да заловуваат бездомни кучиња на територија на Општина Кочани – дали имало распишано јавен повик, како ќе ја докажете законитоста на постапката што сте ја спроведувале, кои критериуми ги применивте за да изберете најдобар понудувач за услугата и сл.?
4. Активистите тврдат дека се заловени животни кои делувале сосема здраво. Каде се во моментов животните? Бараме веднаш да ни приложите доказ дека сите заловени животни се живи.

Граѓаните и активистите нагласуваат дека константно снемува кучиња од Општина Кочани и дека наместо да се практикува единствената хумана стратегија залови-стерилизирај-вакцинирај-врати која е обврзувачка според закон, на најголем дел од животните откако еднаш ќе се заловат – засекогаш им се губи трага. Според сведоштвата, ниедно куче на територијата на Општина Кочани не останува на локација подолго од неколку месеци што јасно укажува на фактот дека кучињата по заловувањето никогаш не се враќаат повторно на истата локација и никој не знае каде и како завршуваат.

Ве потсетувам, во согласност со Законот за заштита и благосостојба на животните, општините имаат обврска бездомните животни да ги заловуваат-стерилизираат/кастрираат-вакцинираат и да ги враќаат на територијата од која биле заловени. Секакво друго постапување – дислокација или убивање, е основа за пријава против вас во согласност со Кривичниот законик и поради мачење и убивање на животни и поради злоупотреба на службена должност.

Одговорите на прашањата со детални и концизни образложенија и сите барани докази ги очекувам во најкус можен рок.
Во прилог фотографија од дел од заловените кучиња.

Во очекување на вашиот одговор,

Драгана Велковска
Активистка за заштита на животни и животна средина
Членка на Советот на Град Скопје

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!