Почетна / Филм / Видео | Нови филмови на Телма во македонска продукција и копродукција

Видео | Нови филмови на Телма во македонска продукција и копродукција

сабота (16 мај 2020), 16.10 часот – “Глас”

Филмот е копродукција помеѓу Максима филм од Хрватска, Скопје Филм Студио и Биберче продукција од Србија. „Глас“ е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат, каде што дава отпор на верските практики на училиштето и  учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радиотелевизија и Филмскиот центар на Србија.

сабота (16 мај 2020), 19.10 часот – “Cash and marry”

Играно документарен филм на Атанас Георгиев, кој зборува за Марко и Атанас, двајца пријатели на кои им треба пасош од земја на ЕУ и подготвени се да сторат се за да го добијат, вклучувајќи и да купат сопруга. Документарецот ја прикажува нивната одисеја преку имигрантската мрежа во Виена. Филмот дава смешен но и трогателен увид во тоа што се е потребно за да ги надминете бариерите на Европската унија.

сабота (16 мај 2020), 20.45 часот – “Мизар, ѕвезда на надежта”

Филмот ја раскажува приказната за почетоците на легендарниот македонски бенд „Мизар“ и трнливиот пат во кој од обичен гаражен бенд, Мизар станува еден од најважните бендови во историјата на македонската рок култура.

сабота (16 мај 2020), 21.10 часот – “Црни и криви”

Црни и Криви се двајца другари кои во еден момент сфаќаат дека се останати без пари и пиво. Одлучуваат да ограбат продавница употребувајќи играчки пиштоли и детски маски, но нивното потпросечно ниво на интелигенција ќе ги доведе до многу проблеми.

недела (17 мај 2020), 20.00 часот – “Жаба”

Емир Хаџихафизбеговиќ, Александар Сексан и Мирсад Тука во босанскиот филм “Жаба”, во македонска копродукција. Зеко е воен ветеран со ПТСН и деновите ги поминува работејќи во мала берберница. Се наближува Бајрам и тој го кани неговиот брат Брацо и пријателот Шваба со цел да го искористи празничното расположение за да го изведе на прав пат брат му кој е коцкар и алкохоличар. Но, Брацо се спротиставува и доаѓа до редица конфликти.

Сценариото за овој филм го напишаа Пјер Жалица и Елмир Јукуќ, а истото базира на истоимената театарска претстава по текст на Дубравко Михановиќ, која е регионален хит и во текот на изминатите десет години е одиграна над 260 пати.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Добредојдовте во Чеченија“ во четврток на Skopje Film festival 2020

„Добре дојдовте во Чеченија“ е американски документарен филм од 2020 во режија на Дејвид Франс, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!