Почетна / Забава / Авалон продукција не се откажува : Охрид повторно повикува!

Авалон продукција не се откажува : Охрид повторно повикува!

Драги другари и другарки,

Наша должност е да ви дадеме место и прилика сета неискористена енергија и ентузијазам да ги преточите во едно музичко-визуелнo / светско прочистувачко искуство и да надполните за сето она кое го имате пропуштено овие неколку месеци… А, за тоа нема поидеална прилика од петтиот јубилеен роденден на фестивалот OHRID CALLING!

На оваа чудна и тешка година и‘ возвраќаме со истовремено свеж и култен line up кој го сочинуваат 20 артисти, каков што им доликува не само на верните фанови и ветерани на фестивалот, туку и на оние кои годинава за прв пат ќе станат дел од оваа наша голема фамилија! – објавија Авалон Продукција најавувајќи го најголемиот настан за ова лето.

Во Охрид оваа година би требало да присуствуваме на спектакуларното шоу на Dimitri Vegas & Like Mike- number 1 world dj-еите за 2019-та и хедлајнери на сите најголеми светски фестивали, кои ја приредија најлудата и една од најпосетените вечери од нашиот фестивал во 2018-тата. Освен нив, настапува и холандското дуо W&W, препознатливо по совршениот прогресивен микс на EDM, house и trance.

Третиот ден пак, хедлајнерската позиција ја има Lost Frequencies, младиот дечко кој во самиот почеток на неговата кариера, во 2016-та гостуваше на OHRID CALLING, а сега веќе се смета за реномиран артист во електронската и фестивалската заедница, со вечно младите и актуелни хитови како Are You With Me, Reality и многу други…

Последниот, четврти ден е резервиран за роденденска прослава каква што му доликува на OHRID CALLING племето. Тогаш доаѓа Salvatore Ganacci, веројатно најголемиот showman кој се качил на сцената на OHRID CALLING и, поминувајќи ги сите граници на EDM-от и фестивалскиот перформанс, го приредил најавтентичното и дефинитивно најнезаборавното шоу.

Како ноќите би ни биле целовечерно квалитетно исполнети, се потрудивме за вас да ги донесеме и BLASTERJAXX, холандското big house и electro house дуо кое зад себе има број соработки со најголемите имиња на електронската сцена, како David Guetta, Tiesto, Hardwell, Afrojack …француското дуо OFENBACH, чиј хит Be Mine се најде на секоја радиска, фестивалска и летна плејлиста на континентов, харизматичниот австралијанец WILL SPARKS, познат по хитот Ah Yeah So What, италијското дуо- браќата VINAI, словенечкото дуо VANILLAZ и уште мноогу други…

Колку и да звучи сето ова во моментов како невозможна мисија, земајќи ја предвид моменталната ситуација со коронавирусот, одлучивме дека е добро сите заедно да фантазираме и да шириме оптимизам, кога веќе ништо друго не ни останува, стремејќи се и подготвувајќи се истиот оптимизам да стане реалност! Ние сме полни надеж и нема да влеземе во процес на откажување на фестивалот или пак префрлување на истиот за 2021 година сè до 01 јули оваа година.

Доколку се исполнат нашите очекувања и фестивалот сепак се одржи, сите детали околу влезниците ќе бидат објавени на 01-ви јули.
Па така, зачувајте си ги деновите од 31ви јули – 3ти август затоа што, можеби токму тогаш, со OHRID CALLING, сите присутни ќе се соединиме и ќе ја смениме насоката на оваа досега тажна година! Нека на OHRID CALLING 2020 се испијат сите неиспиени пијачки и изиграат сите неизиграни забави! – дополнуваат од Авалон.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Најновиот спот за „Молитва“ на Шерифовиќ го потресе светот

Промовирано е потресно видео на Марија Шерифовиќ за познатата „Молитва“, во кое преовладуваат кадрите од …

error: Содржината е заштитена!