Почетна / Серии / На Pickbox пристигнува серијата во продукција на Фифти Сент – „Моќ“

На Pickbox пристигнува серијата во продукција на Фифти Сент – „Моќ“

 

Серијата емитувана на МТВ 1, сега и на Pickbox

На регионалната интернет телевизија, достапна и во Македонија,  Pickbox,  премиерно пристигнува врвната криминалистичка драма за њујоршкото подземје во која главниот актер е еден бизнисмен, кој својот добро посетен ноќен клуб го користи како параван за бизнис со дрога. Освен што има среден живот, многу пари, убава жена што ја љуби, Дух е човек со статус на моќен дилер и со исклучителна улична интелигенција. Не пропуштајте ја серијата чија една епизода ја гледале повеќе од 6,5 милиони гледачи ширум светот. Сите епизоди на серијата Моќ (Power) на Pickbox ќе може ексклузивно да се гледаат веќе од 8 април.

 

 

 

Раперот Фифти Сент минатата година наводно банкротираше, но тоа не го спречи да се испроба во продукциските и актерските води. Веројатно нешто и заработил. Иако Фифти Сент нема да го гледаме во главната улога, туку во улогата на ослободениот затвореник Кенан, многу работи низ кои минува главниот лик Дух (Омари Хардвик) се пресликани од животот што порано го живеел раперот. Познато е дека Фифти Сент уште во 2000 година, кога се обидел да се тргне од дрогата и улицата, почнал да живее уреден (да не кажеме легален) живот, па добил дури 9 куршуми во телото, и тоа среде бел ден.

 

 

При пишувањето на сценариото и на креативниот дел за осмислување на серијата, го играв Дух. Потоа разговаравме за тоа колку време би ми одземало и од колку работи би морал да се откажам во животот. Тогаш реков дека сепак Омари ќе мора да го игра Дух, рече Фифти Сент. 

 

 

Кога Дух сфаќа дека сосема солидно би можел да живее од профитабилниот ноќен клуб и дека нема да мора повеќе да си ги валка рацете (да, тоа вклучува и по некое нужно убиство), повлекувањето нема да биде воопшто лесна задача.

Кога улицата еднаш ќе те проголта, тешко е да најдеш излез.

Во манирот на новите телевизиски серии кои не инсистираат на стопроцентно позитивни или негативни ликови, Дух претставува лик кој има своја добра но и мрачна страна.

 

 

Често пати, додека гледаме некоја серија, се фаќаме себеси како ни се допаѓа негативецот. Сите ние сме донекаде одметници. Луѓето често сакаат да ги поместуваат границите и да ги кршат правилата. Сакаат да ги кршат законите. Колку повеќе го прават тоа толку повеќе се чувствуваат како сопствени господари, додава Фифти Сент.

Покрај Омари Хардвик, главните улоги ги играат Џозеф Сикори, пријателот на Дух и партнер во криминалот, како и Лела Лорен и Натури Нотон, кои ги играат двете љубови на Дух. Со оглед на тоа што серијата изобилува со голотија и со секси сцени, пред снимањето воопшто да почне  сите главни актери мораа да потпишат договор кој ги обврзува дека без противење ќе ги снимаат сцените со разголеност.

 

 

Ако Фифти Сент ви се допаѓа, сигурно ќе уживате во неговата криминалистичка драма и во музиката што ја снимил специјално за серијата. Ако, пак, не сакате рап, Моќ ќе ви понуди приказна која ќе ве освои со дејството веднаш по првата епизода, па ќе се запрашате Што следува понатаму? Моќта и парите се сѐ во животот на еден човек, а можеби Дух ќе ви докаже дека е поинаку.

Гледајте ги сите епизоди на една од најгледаните серии во Америка од 08.04. на Pickbox. Македонските гледачи серијата имаа можност да ја следат на МТВ 1, но сега и на Pickbox.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм на Телма со „Фирмата“, правничка трилер драма

„Фирмата“ е американска серија заснована на најпродаваниот роман на Џон Гришам. Серијатa ја продолжува приказната …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!