Почетна / Забава / Петар Грашо со концерт на 26-ти април во „Македонска Филхармонија”

Петар Грашо со концерт на 26-ти април во „Македонска Филхармонија”

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, го најави својот ексклузивен концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 26-ти април во „Македонска Филхармонија”.

Грашо несомнено важи за еден од најталентираните, но и најумерени музичари на денешницата. Апсолутно се што ќе сними и сработи прераснува во хит, па со леснотија полни концертни сали ширум регионов.

Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак е музички илузионист, со тежина која повеќе од 25 години не може да се измери, но затоа пак може да се препознае и почувствува нејзината вредност. Помина низ безброј различни искуства, но сепак не ја изгуби својата природа и оригиналност. Tокму и затоа, во моментов претставува хрватска институција.

„Ako te pitaju”, „Moje zlato”, „Utorak”, „Ko nam brani” се фантастични песни кои со огромно задоволство ќе ги слушаме на 26-ти април, заедно со уште многу други.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!